Connect with us

Андерлехт го отпушти тренерот

Андерлехт го отпушти тренерот Фелисе Мацу еден ден по натпреварот против Стандард Лиеж, во кој неговиот тим губеше со 3-1, а мечот не беше завршен поради навивачки демири и фрлање факели на теренот. Ова клубот го потврди на Твитер.


Мацу (56) беше назначен на оваа функција минатата година, откако го предводеше Унион Сен Жилоа на второто место. Тој го наследи Винсан Компани, кој се пресели во англискиот Барнли. Мацу е седмиот тренер кој доби отказ во Белгија од почетокот на сезоната 2022-2023.

Функцијата привремено ќе ја преземе тренерот на младинската екипа Робин Велдман. Тој ќе го предводи тимот на натпреварот в четврток против романската ФЦСБ во Конференциската лига на УЕФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови