Connect with us

Анчелоти: Заслуживме да победиме на „Камп Ноу“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот на неговиот тим од Барселона со 2-1 на „Ел Класико“. Тоа беше првенствена пресметка од 26.коло во Ла Лига, по која Барса има 12 бода предност на врвот на табелата.


Тренерот на „кралевите“ истакна дека неговите играчи заслужиле да го добијат натпреварот.

„Одигравме добар натпревар и заслуживме да победиме. На крајот од натпреварот пробавме сѐ, но ја загубивме концентрацијата и примивме гол. Натпреварот беше рамноправен, а сѐ беше решено од ситните детали и верувавме дека победата ќе ни остане. Вознемирени сме од поразот, но тимот до крајот ќе се бори во сите три натпреварувања“, изјави Анчелоти.

Тоа беше трет последовен пораз на Реал Мадрид во „Ел Класико“ откако избраниците на Карло Анчелоти го загубија финалето на Суперкупот во јануари и првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот на почетокот на март. Сепак, „кралскиот клуб“ ќе има шанса за последна одмазда против Каталонците во реваншот од Купот на кралот, кој ќе се одигра на 5 април.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови