Connect with us

Анчелоти: Се надевам дека Крос нема да се повлече ова лето

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, верува дека Тони Крос нема да одлучи да се пензионира на крајот од сезоната.


Германецот претходно, во неколку наврати, изјави дека не планира долго да игра фудбал, без разлика на неговата возраст и тоа што би можел да игра уште неколку сезони.


Тој на раководството на Реал му порача дека се уште ја разгледува понудата за нов договор, а актуелниот му истекува на лето.


„Крос беше сосема јасен. Следниот месец ќе донесе одлука и ние го почитуваме тоа. Како навивач мислам дека е невозможно да се пензионира. Се надевам дека ќе продолжи да игра”, изјави Анчелоти.


Крос ќе наполни 33 години на 4 јануари, задутре. Сѐ уште може многу да придонесе за фудбалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови