Connect with us

Алиоски: Во фудбалот не важи „мора да се победи“, но ние мора да го победиме Исланд!

Фудбалската репрезентација на Македонија има „златна шанса“ да обезбеди место во баражот за Светското првенство. По фантастичниот триумф (0-5) против Ерменија во Ереван и неочекуваниот „кикс“ на Романија (0-0) против Исланд, сега нашиот национален тим сам решава за својата судбоина. В недела ни гостува Исланд и потребна е победа која ќе го трасира патот за нов бараж, овојпат за мундијалот во Катар.

„Во фудбалот нема фаворити и не важи „мора да се победи“. Тоа некогаш и не се остварува. Но, ние сега имаме одлична шанса и треба да ја искористиме. Одиме на победа против Исланд, тоа е јасно“, изјави Алиоски.

Левиот бек беше стрелец на дуелот во Рејкјавик на кој Македонија испушти предност од 0-2 и на крајот ремизираше (2-2).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови