Connect with us

Ајнтрахт Франкфурт доведе аргентинска ѕвезда од Ривер Плата

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт донесе големо засилување во нападот од аргентинскиот гигант Ривер Плата. Напаѓачот на славниот клуб од Буенос Аирес, Рафаел Сантос Боре, потпиша договор со клубот од Бундес – лигата и се пресели во Германија како слободен агент, бидејќи му истече договорот со клубот.

Тој играше во Аргентина последните четири сезони, и постигна над 40 гола. Со Ривер ја освои титулата во Копа Либертадорес во 2018 година.

Ова е негова втора авантура во Европа откако веќе играше за Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови