Connect with us

Абрамович издаде соопштение за намерите околу продажбата на Челси

Сопственикот на Челси во заминување, Роман Абрамович, излезе со соопштение за следните чекори во продажбата на клубот од Лондон, за што секојдневно пристигнуваат нови информации.
Прво беше соопштено дека намерата на Роман Абрамович дел од средствата од продажбата да ги донира во хуманитарни цели, а за реализација на оваа идеја се формирани тимови уште првиот ден. Се додава дека Абрамович лично не учествувал во оваа работа, туку со неа самостојно раководеле експерти со долгогодишно искуство во хуманитарни организации.


„Како дел од целта на Абрамович да најде подобар купувач за Челси, тој ги охрабри да се посветат на инвестирање што е можно повеќе, вклучувајќи ја Академијата, женскиот фудбал, реновирањето на стадионите и одржувањето на работата на фондацијата“, се вели во соопштението.


Заклучокот е дека Абрамович нема пристап до средства по продажбата и дека целта му е што поскоро да најде нов сопственик на клубот.


Голем проблем е истекувањето на лиценцата што ја има Челси за натпреварување во Премиер – лигата, а доколку не најде сопственик ќе биде во ситуација следната сезона да не биде дел од елитата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови