Македонскиот првак во женски фудбал, ЖФК Љуботен, ја доведе бразилската репрезентативка Џованија Доманигас Кампос. Таа има 37 години, но и нема трофеј што го нема освоено во кариерата.
ЖФК Љуботен се подготвува за настап во квалификациите за ЛШ, а прв ривал е Аполон од Кипар.
„Големо добродојде за најголемото име кое било кога заиграло во македонскиот женски фудбал, бразилската интернационалка и сениорска репрезентативка Џованија. Триесет и седумгодишната искусна интернационалка која има освоено скоро сѐ што може да се освои во светски рамки е најново засилување за шампионот ЖФК Љуботен и ќе преставува вистинска мака за противничките екипи со што добиваме вистински квалитет во нападот.
Тука не застануваме продолжуваме со суперквалитетни засилувања пред најголемите предизвици ова лето квалификациите во Лигата на шампиони за жени“, соопштија од ЖФК Љуботен.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski