Струга Трим Лум ќе го има дебитантскиот настап на европска сцена ова лето, а прв противник во Конференциската лига на УЕФА ќе биде Лиепаја од Летонија. Тренерот Стѓан Захариевски вели дека се уште е рано да се говори за силата на противникот, најважно е стружани добро да се подготват за предизвкот.
„Прерано е да кажеме за нивните слаби и силни страни, но секако до натпреварот ќе бидеме подготвени, бидејќи ќе направиме анализа на некои нивни натпревари, а особено на трите натпревари што им следуваат во првенството. Се изборивме за ова и сега ни преостанува да бидеме добри репрезенти на македонскиот фудбал”, вели Захариевски.
Струга Трим Лум во од ќе се обиде и да се засили со неколку нови фудбалери, а ќе одигра и неколку пријателски натпревари пред двомечот со Лиепаја. Денеска стружани ќе го дознаат и следниот можен ривал доколку успеат да ја елиминираат Лиепаја.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski