Connect with us

Уругвајците го сакаат Марсело Гаљардо за нов селектор

Уругвај остана без селектор на фудбалската репрезентација откако Оскар Табарез ја напушти таа функција по 15 години. Според медиумите во Јужна Америка, федерацијата отпочнала преговори со тренерот кој досега се сметаше за невозможна мисија. Тоа е тренерот на Ривер Плата, Марсело Гаљардо.


Договорот на трофејниот тренер истекува на крајот на годината, а тој самиот изјави дека нема да ги открива плановите до крајот на аргентинскиот шампионат во кој Ривер е пред освојување на титулата.

Челниците на уругвајската федерација ќе одат во Буенос Аирес за да преговараат со Гаљардо, кој со години се поврзува со можна преселба во Европа.

Со Ривер Плата тој освои 11 трофеи во седум сезони, од кои две титули во Копа Либертадорес. Пред Ривер Плата работеше во Уругвај, каде го предводеше Насионал, со кој стана шампион на таа земја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови