Connect with us

Умтити ја шокираше Барселона: Благодарам, но не сакам да си одам

Фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити доби понуда од клубот да го раскине договорот, но се заблагодари на понудата. На него му е убаво на „Камп Ноу“.


Барселона ова лето сака да се ослободи од Умтити, 27-годишниот француски дефанзивец и од босанскиот играч за врска, Миралем Пјаниќ. За овој тандем плати 85 милиони евра, а сега сака да ги продаде за да може да му понуди нов договор на Лионел Меси без да ги прекрши правилата на финансискиот фер-плеј.

Умтити и Пјаниќ добиле писмо од клубот во кое се наведува дека можат да одат во друг клуб без обештетување. Доколку не најдат друг клуб, можат да преговараат со Барселона за раскин на договорот. Пјаниќ има тригодишен договор кој би ја чинел Барселона 50 милиони евра, а Умтити двегодишен договор вреден 35 милиони евра.

Францускиот дефанзивец прв одговори на Барселона.

„Многу благодарам за понудата, но јас ќе продолжам да го исполнувам договорот“, одговори Умтити, со што ги шокираше челниците на Барселона кои очигледно ќе треба да најдат друг начин да најдат пари за новиот договор на Меси.

Умтити дојде во Барселона пред пет години од Лион. Тој имаше големи проблеми со повреди на „Камп Ноу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови