Connect with us

УЕФА нема да го блокира емирот од Катар да го купи Манчестер Јунајтед

Европското фудбалско раководно тело (УЕФА) е подготвено да дозволи евентуална аквизиција на Манчестер Јунајтед од катарски инвестициски фонд зад кој се верува дека стои емирот на земјата, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.


Се очекува понудата од регионот на Персискиот залив да биде официјализирана в петок. Сепак, имаше сомнежи дека УЕФА би можела да го запре евентуалниот договор поради правилото дека два клуба кои имаат заеднички сопственик не можат да учествуваат на исто натпреварување под покровителство на европската фудбалска организација, а шеикот практично е сопственик и на Пари Сен Жермен.

Понудата за Манчестер Јунајтед ќе биде поднесена од друг субјект, различен од „Катар Спорт Инвестментс“, кој е сопственик на ПСЖ.

Британскиот „Дејли Мејл“ тврди дека токму поради оваа причина УЕФА најави дека ќе даде „зелено светло“ за евентуален договор со Манчестер Јунајтед. Формално, двата клуба нема да имаат ист физички или правен сопственик, што УЕФА го забранува.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови