Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го доби признанието „Златна копачка“ на Кипар за 2020 година, но се повреди и најверојатно нема да може да биде дел од националниот тим за претстојните квалификациски натпревари против Романија, Лихтенштајн и против Германија. Популарниот Тричко ја доби наградата од Здружението на спортски новинари на Кипар откако минатата година постигна 20 гола во дресот на АЕК Ларнака.

Напаѓачот денеска настапи за АЕК Ларнака на гостувањето против Омонија и се повреди. Се работи за повреда на мускулот која најверојатно ќе го оддалечи од фудбалските терени десетина дена. Тоа значи дека нема да може да биде на располагање за претстојната репрезентативна сесија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













