Connect with us

Трагедија го потресе спортот во Македонија: Се удави голманот Никола Даниловски

Беживотно тело на голманот на ГРК Охрид Никола Даниловски утрово е извлечено од водите на Охридското Езеро.

Телото на 26-годишниот ракометар, роден во Скопје, било пронајдено во водите на езерото во близина на туристичката населба Лагадин. Потрагата по него започнала уште синоќа, а била известена и полицијата.

Според првичните информации, нема траги на насилство врз телото, а причините за настапувањето на смртта ќе ги утврди истрагата.

Никола Даниловски претходно бранеше за Металург и Еурофарм Пелистер.

Поради трагичната смрт на младиот голман одложено е комплетното коло од Супер лигата.

Покрај неговиот клуб од младиот голман се простуваат и бројни спортисти, ракометари, фудбалери и фудбалски работници.

„Фудбалскиот клуб Охрид изразува сочуство до фамилијата и до Ракометниот клуб Охрид за загубениот живот на Никола Даниловски. Спортистите кои го носат дресот на Охрид живеат вечно. Почивај во мир“ – се вели во објавата од ФК Охрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови