Connect with us

„Торцида“ не може да се врати во Сплит поради снежните врнежи, а Динамо Загреб покажа дека е голем клуб

Навивачите на Хајдук Сплит имаа многу лош ден. Пристигнаа во Загреб, на „Максимир“ каде беа поразени од Динамо со 4-0, а потоа не можеа да си заминат дома поради временските услови кои во моментов се катастрофални во Хрватска.


Во моментов Лика и Далмација се отсечени од останатиот дел од Хрватска поради силни снежни врнежи. Затоа навивачите на Хајдук останаа во Загреб каде исто така ситуацијата не е сјајна, но е значително подобра.


Динамо Загреб покажа дека е голем клуб бидејќи им обезбеди храна и топли пијалаци на гостинските навивачи кои останаа на стадионот. Прекрасен гест.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови