Connect with us

Суарез не сака како Роналдо, одбил трансфер во Саудиска Арабија

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез одбил трансфер во Саудиска Арабија. Ветеранот доби понуда од Ал-Халеј. Арапскиот клуб сакаше да го ангажира Суарез на година и пол, нудејќи му 6 милиони евра за тој период.


Сепак, поранешниот играч на Барселона ја одбил понудата, бидејќи веќе има начелен договор со бразилскиот клуб Гремио.

Се очекува Луис Суарез да потпише на две години со клубот кој минатата сезона се врати во елитното друштво во Бразил.

Напаѓачот минатата сезона играше за уругвајскиот Насионал од Монтевидео.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови