Connect with us

Сите досегашни победници во Купот на Македонија… Кој е следен?

Македонија ЃП и Академија Пандев денеска од 18:30 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го играат 27-то финале од Купот на Македонија.

Македонија ЃП по третпат ќе игра за титулата во Купот на Македонија, додека за Академија Пандев ова е прв финален натпревар и прва можност да стигне до својот историски прв трофеј во македонскиот фудбал. Тоа и тоа како го знаат „пандевци“ кои носат огромен мотив во битката за трофејот…

„Ќе биде тежок и неизвесен натпревар, но силно сме мотивирани за победа. Посакуваме да напишеме историја за нашиот млад клуб со првиот трофеј во македонскиот фудбал“ – вели капитенот на Академија Пандев, Сашко Пандев.

„Лавовите“, пак, имаат еден трофеј од најмасовното домашно клупско натпреварување кога во сезоната 2005/06 кога беше совладана Шкендија со 3-2. Три години подоцна Македонија ЃП загуби од Работнички со 2-0, а по една деценија ќе има нова шанса за освојување на пехарот од Купот на Македонија. Академија Пандев минатата сезона по изведување на пенали загуби од Пелистер во полуфиналето.

СИТЕ ДОСЕГАШНИ ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
1992/93   Вардар – Пелистер 1:0
1993/94   Силекс – Пелистер 1:1 (4:2) пенали
1994/95   Вардар   – Силекс 2:1
1995/96   Слога Југомагнат – Вардар   0:0 (5:3)   пенали
1996/97   Силекс – Слога Југомагнат 4:1
1997/98   Вардар – Слога Југомагнат 2:0
1998/99   Вардар – Слога Југомагнат 2:0
1999/00   Слога Југомагнат – Победа 6:0
2000/01   Пелистер – Слога Југомагнат 2:1
2001/02   Победа – Цементарница 3:1
2002/03   Цементарница – Слога Југомагнат 4:4 (3:2) пенали
2003/04   Слога Југомагнат – Напредок 1:0
2004/05   Башкими – Маџари Солидарност 2:1
2005/06   Македонија ЃП – Шкендија 3:2
2006/07   Вардар – Победа 2:1
2007/08   Работнички Кометал – Милано 2:1
2008/09   Работнички – Македонија ЃП 1:1 (6:5) пенали
2009/10   Тетекс – Работнички 3:2
2010/11   Металург – Тетекс 2:0
2011/12   Ренова – Работнички 3:1
2012/13   Тетекс – Шкендија 1:1 (6:5) пенали
2013/14   Работнички – Металург 2:0
2014/15   Работнички – Тетекс 2:1
2015/16   Шкендија – Работнички 2:0
2016/17   Пелистер – Шкендија 0:0 (4:3) пенали
2017/18   Шкендија – Пелистер 3:0
2018/19   МАКЕДОНИЈА ЃП– АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови