Connect with us

Шпанија и Португалија ремизираа, Србите загубија од Норвешка (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија ремизираше против Португалија (1-1) во најзвучниот дуел од Лигата А. Пресметката на поранешните европски прваци ја отвори Алваро Мората во 25.минута. Напаѓачот на „црвената фурија“ успеа да погоди, а тој резултат беше на сила до 82.минута кога Рикардо Хорта израмни.

Норвешка оствари триумф во Белград против Србија (0-1). Ерлинг Халанд покажа зошто е еден од најдобрите реализатори и ја затресе мрежата на домаќинот во 26.минута, во најинтересниот дуел од Лигата Б.

Словенија загуби дома (0-2) од Шведска, со головите на Емил Форсберг во 39.минута и на Дејан Кулушевски во 88.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови