Работнички е во силен пролетен налет. Силекс спаси бод, Шкендија замина со реми без голови, но Шкупи ептен ја почувствува силата на новиот Работнички. Второто враќање на Александар Влахо на клупата на „романтичарите“ се покажува како вистински потег на претседателот на клубот Драган Поповски.
Одличната селекција на засилувања на спортскиот директор Горан Станковски, уште подобро вкомпонирани од тренерот Александар Влахо, очигледно го враќаат Работнички на старите победнички патеки, кога водеше главен збор во лигата. Сега ниту Европа не е далеку. Македонија ЃП е на достижни шест бода дистанца, а допрва треба да се игра третиот круг од првенството.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski