Connect with us

Шампионот покажа сила: Интер ја декласира Џенова, Пандев беше стартер (ВИДЕО)

Интер на фантастичен начин ја започна одбраната на шампионската титула во Серија А. „Нероаѕурите“ ја совладаа Џенова со 4-0, а тренерот Симоне Инзаги дебитираше со убедлив триумф. Дебитантски погодоци во дресот на Интер постигнаа и новите засилувања Хакан Чалханоглу и Един Џеко.

Горан Пандев беше стартер во тимот на Џенова, но гостите не покажаа премногу на овој натпревар.

Сасуоло на гости славеше против Верона со 2-3. Распадори, Ѓуричиќ и Траоре беа стрелци на головите во триумфот на Сасуоло.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови