Connect with us

Седлоски: Ова беше највозбудливиот меч во мојата кариера, и како играч и како тренер

Македонскиот првак Шкупи загуби со 2-0 од Линколн на Гибралтар, но сепак се протна во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите поради предноста од три гола обезбедена во Скопје. Следниот ривал е многу посериозен, хрватскиот шампион Динамо Загреб.


Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, даде свој коментар за реванш натпреварот против Линколн.

„Ова беше највозбудливиот натпревар во целата моја кариера и како фудбалер и како тренер. Иако имавме голема предност од првиот меч во Скопје, знаев дека ќе биде тешко со оглед на проблеми кои ни се појавија на ова гостување, проблемот со Хамиди и вештачкиот терен. Сепак, им честитам на фудбалерите кои покажаа храброст и голема борбеност на теренот. Головите ги примивме по наши грешки, а ако мислиш дека противникот лесно ќе го добиеш, се појавуваат дополнителни проблеми. Во секој случај, задоволен сум од пласманот во следната рунда. Саега продолжуваме да работиме напорно и ќе се подготвиме за следните предизвици“, изјави Гоце Седлоски.


Шкупи веќе во вторник го очекува гостување на „Максимир“и првиот дуел со Динамо Загреб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови