Connect with us

Роналдо испратил полн авион помош за загрозените од земјотресот во Турција и во Сирија

Кристијано Роналдо испрати авион со помош за луѓето загрозени од земјотресот што минатиот месец ги погоди Сирија и Турција. Фудбалерот на Ал-Наср реши на овој начин да ја изрази својата поддршка за Турција, каде загинаа повеќе од 50 илјади луѓе.


Португалецот платил шатори, пакети со храна, перници, ќебиња, кревети, храна за бебиња, млеко, лекови и други видови помош кои со авион се испратени во најзагрозените подрачја од катасстрофалниот земјотрес.

Ова не е првпат Роналдо да биде во хуманитарна акција. Тој плати 83.000 долари медицински трошоци за операција на тумор на дете, а претходно плати 165.000 долари за помош во изградбата на центар за лекување на рак во Португалија.

Во екот на пандемијата на коронавирус, Роналдо донираше еден милион долари на португалските болници.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови