Connect with us

Родриго ќе остане „крал“ до 2028 година

Младиот бразилски напаѓач Родриго Гоес го обнови договорот со Реал Мадрид до 2028 година. Тој доби големо зголемување на годишната плата и отштетна клаузула од една милијарда евра. Договорот беше постигнат пред неколку недели, а потпишан е во текот на вчерашниот ден, тврди „Марка“.


Се уште нема информација кога ќе биде официјалната промоција на новата соработка.

Родриго изминатата сезона одигра клучна улога како џокер на Карло Анчелоти од клупата. Ги постигна головите за чудесен пресврт против Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Од април, во решавачкиот дел од сезоната, тој постигна седум гола и забележа три асистенции на 13 настапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови