Connect with us

Реал Мадрид и Барселона веднаш сакаат да го „грабнат“ Бруно Фернандеш

Португалскиот ас Бруно Фернандеш имал жестока караница со менаџерот Оле Гунар Солскјер и најавил дека сака да си замине од „Олд Трафорд“. Ова веднаш го запали алармот кај двата шпански гиганти, Реал Мадрид и Барселона. Тие подготвуваат понуда за да го доведат во Ла Лига во зимскиот преоден рок.

Во време на пандемијата на коронавирусот Реал Мадрид и Барселона имаа скромен трансфер период ова лето, но би смогнале сили за да го ангажираат Бруно Фернандеш. Тој за кус период во дресот на Манчестер Јунајтед покажа дека е одличен играч и може да биде лидер во средниот ред. 

„Кралевите“ се подготвени да платат 70 милиони евра за него во јануари, истакнуваат шпанските медиуми, а и Барселона сигурно ќе парира на оваа понуда на Реал Мадрид. 

     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови