Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд не планира да го напушти клубот ова лето и е решен да се бори за своето место во тимот под водство на новиот менаџер Ерик тен Хаг.
24-годишниот англиски репрезентативец минатата сезона беше стартер на само 13 натпревари во Премиер – лигата и ја загуби позицијата во селекцијата предводена од Герет Гаутгејт. Сепак, Рашфорд веќе разговарал со новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг и останува оптимист за неговата иднина во клубот од „Олд Трафорд“, пренесуваат британските медиуми.
За фудбалерот интерес покажуваат неколку европски екипи, меѓу кои Челси, Тотенхем, Њукасл, Вест Хем, Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен, но ниту Маркус Рашфорд ниту Манчестер Јунајтед не размислуваат за разделба.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski