Connect with us

Рангник: Тимот покажа две лица и немаше доволно храброст

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, не е задоволен од ремито што Манчестер Јунајтед го оствари против Астон Вила на гостувањето во Бирмингем. Тој е поделен во оценката за настапот на неговиот тим на овој натпревар.


„Црвените ѓаволи“ обезбедија два гола предност, а потоа дозволија Астон Вила во финишот да израмни.

„Многу е тешко да се најдат позитиви после ова реми, имавме периоди од натпреварот во кои ми се чинеше дека ја прикажуваме нашата најдобра игра откако сум менаџер на Манчестер Јунајтед. Целосно доминиравме. Правевме чекори во вистинска насока. Но, потоа дојде и второто лице на тимот. Кога резултатски водиш со 2-0, треба подобро да се браниш. Продолжуваме да примаме премногу голови. Не бевме доволно компактни, не покажавме доволно храброст… Следуваат два важни натпревари за нас и мора веднаш да се фокусираме на следниот предизвик“, изјави Рангник.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови