Connect with us

ПСЖ троши најмногу од сите во Европа за плати на фудбалерите

Францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен оваа сезона троши најмногу финансии за плати на фудбалерите од сите клубови во најдобрите пет европски лиги (Англија, Франција, Италија, Шпанија и Германија). Ова го покажува истражувањето на SportsLens.com.


Шампионот во Лига 1 исплаќа повеќе од 208 милиони евра плата на играчите за сезоната 2022/2023, а потоа следат светскиот и европски првак Реал Мадрид со 139,6 милиони евра, пред Барселона со 119,12 милиони евра.


Парижаните се лидери и според висината на просечната плата за еден фудбалер, која изнесува 6,71 милиони евра. Реал Мадрид е повторно второпласиран со 6,07 милиони евра по играч. Тоа се единствените два фудбалски тима со просечни плати над 6 милиони евра.

Лидерот во Ла Лига, тимот на Барселона, е на третото место во ова рангирање со 5,41 милиони евра по играч, а следат германскиот шампион Баерн Минхен со 5,07 милиони и англискиот шампион Манчестер Сити со 4,78 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови