Connect with us

Првенството во Првата лига почнува в недела

Првенството во Првата фудбалска лига почнува во предвидениот термин, в недела (8 август). Состанокот на прволигашките клубови и челниците на ФФМ не донесе ништо премногу драматично, а клубовите на сопствен трошок ќе ги имаат и задолжителните ПЦР – тестови, согласно ковид – протоколите на Комисијата за заразни болести.

На овој состанок не станало ниту збор за ТВ правата од домашното првенство кои се продадени на регионалниот спортски канал „Арена спорт“. Клубовите од Првата лига, најверојатно, и оваа сезона само нема да ја плаќаат предвидената котизација од 12.000 евра во замена за продадените телевизиски права.

Во првото коло, кое е закажано за в недела (8 август), со почеток во 17.30 часот, се среќаваат: Академија Пандев – Струга Трим Лум, Работнички – Борец, Тиквеш – Шкендија, Ренова – Скопје, Брегалница – Шкупи, Македонија ЃП – Пелистер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови