Connect with us

Прекрасна приказна од Италија: Играше за Интер во Серија А, а сега игра кошарка во Серија Д

Интересна приказна доаѓа од Италија, а главната улога ја има легендарниот Аргентинец Родриго Паласио. Познатиот фудбалер кој беше дел од Серија А, сега игра кошарка во четвртата италијанска лига.


Аргентинскиот фудбалер Родриго Паласио одигра преку 350 натпревари во италијанскиот фудбал во периодот од 2009 до 2022 година, кога ја заврши кариерата во Бреша. Пред тоа го носеше дресот на Џенова, Интер и на Болоња. Тој беше познат и по својот имиџ и неговата позната плетенка.

По завршувањето на фудбалската кариера на 40-годишна возраст, Паласио се сврте кон својата втора љубов, а тоа е кошарката. Сите беа изненадени од веста дека Паласио се приклучи на четвртолигашот Герењан, член на кошаркарската Серија Д.

Веќе на првиот натпревар Паласио покажа дека има исклучително кошаркарски познавања, а се појави и видео од натпреварот каде аргентинската легенда брилијантно оди кон противничкиот кош и погодува.

Паласио се договорил една година да соработува со клубот од Серија Д и се со цел да оствари уште еден детски сон, да игра кошарка.

Со оглед на годините, тој и на паркетот покажа дека физички е се уште многу подготвен, па нема да чуди доколку ја продолжи својата кошаркарска кариера на некое време.

“Одлучи да биде дел од нашиот тим. Веднаш по завршувањето на фудбалската кариера во септември нè контактираше преку Инстаграм. Малку ни беше чудно, но бевме и многу среќни што ќе имаме вистинска спортска легенда во нашиот тим“, изјавија од Герењан.


Паласио го носи бројот „4“ на дресот и игра како плејмејкер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови