Connect with us

Португалците го оддуваа Луксембург, Исланд подобар од БиХ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Португалија вечерва беше убедлива и го совлада Луксембург со 9-0 во натпреварот од шестото коло од групата Ј квалификациите за ЕВРО 2024.


Португалците веќе го решија проблемот во првото полувреме и постигнаа четири гола против аутсајдерот.

Гонсало Инасио го отвори резултатот, а до крајот на првиот дел уште еднаш се запиша меѓу стрелците. Два гола во првото полувреме постигна и напаѓачот на ПСЖ, Гонсало Рамош.


Во вториот дел Португалците беа уште поефикасни. Најпрвин Диого Жота зголеми на 5-0 во 57. минута. Рикардо Орта десет минути подоцна постигна нов гол за домаќините, а седмиот гол беше дело на Жота во 77. минута. Потоа погодија и Бруно Фернандеш и Жоао Феликс за конечни 9-0.


Во истата група Исланд ја совлада Босна и Херцеговина со 1-0, со голот на Алфредо Финбогасон во последната минута, додека Словачка ја оправда улогата на фаворит и го совлада Лихтенштајн со 3-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови