Фудбалската федерација на Македонија реагираше по новата одлука на владата за засилени рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот, и реши фудбалските натпревари да ги презакаже за 13 часот. Оваа одлука стапува во сила веднаш, а ќе стартува со мечевите од полуфиналето на Купот на Македонија утре и задутре.
„Комисијата за натпревари на ФФМ поради засилувањето на антиковид-мерките од страна на владата и воведување на полициски час на територијата на цела држава со почеток од 20:00-05:00 часот наутро одлучи сите натпревари во сениорска конкуренција од Прва МФЛ, Втора МФЛ Исток и Запад и Куп на Р.Македонија да започнуваат од 13:00 часот. Одлуката стапува на сила веднаш“, објавија од ФФМ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski