На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, организираше инклузивен фудбалски турнир со цел заеднички да испратиме порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со попреченост на спортските терени.
На турнирот освен учениците на Св. Наум Охридски, учествуваа и следните училишта:
-ООУ „Ванчо Прке“ – Штип – со една машка и една женска екипа;
-ООУ „Марко Цепенков“ – Скопје со една женска екипа;
-ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје со машка екипа;
– ДСУ „Искра“ – Штип со една машка и една женска екипа;
– ДСУ „ Св. Наум Охридски“ – Скопје со две машки екипи и една женска екипа;
– ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес со една машка екипа;
Mенаџерот на секторот „Поддршка” во рамките на Фудбалската федерација на Македонија, Горанчо Костовски, заедно со претставникот на училиштето „Св. Наум Охридски“, Станислав Мирчевски го отворија денешниот турнир и им додели симболични награди и признанија на учесниците.
„Почитувани фудбалери и почитувани присутни,особено ми е драго што веќе втора година ФФМ го поддржува фудбалскиот проект на училиштето Свети Наум Охридски и по втор пат сме покровители на Инклузивниот фудбалски турнир. Со овој проект се покажува дека фудбалот покрај спортскиот и натпреварувачкиот дел, служи и како интегративна алатка која го обогатува животот на нашите фудбалери.Ви посакувам да се гледаме почесто.” – изјави Горанчо Костовски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski