Connect with us

Нагелсман на преговори за кормилото на „Стемфорд бриџ“

Англискиот премиерлигаш Челси ја продолжува потрагата по идеален шеф за следната сезона. По Луис Енрике, втор сериозен кандидат за клупата на тимот од „Стемфорд бриџ“ е Џулијан Нагелсман.
Поранешниот тренер на Баерн Минхен добил покана за состанок со шефовите на Челси, каде ќе може да го претстави својот проект и визија за тимот, пренесува „Билд“.


На клупата на Челси до крајот на сезоната ќе биде Френк Лампард, кој доби улога на вршител на должноста менаџер по разделбата со Грем Потер.

Медиумите на Островот најавуваат дека Челси сака да има разговори и со Зинедин Зидан и со Маурисио Покетино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови