Connect with us

Мурињо го чекаше судијата на паркинг: „Ова е еб*на срамота!“(ВИДЕО)

Жозе Мурињо го загуби првото европско финале во кариерата откако Севилја ја победи неговата Рома на пенали (4-1) на „Пушкаш арена“ во Будимпешта. Португалскиот стратег вели дека неговите играчи дале максимум од себе, а виновникот го најде во судијата Ентони Тејлор, кој немаше храброст да му покаже црвен картон на Ерик Ламела.


„Ова беше вистинско финале, а судијата делуваше како да е Шпанец. Постојано делеше картони, жолт, жолт… а потоа на Ламела требаше да му поаже и втор жолт картон, но тој немаше храброст за тоа. Ламела си остана на теренот, а потоа ни даде гол при изведувањето пенали“, истакна Мурињо, кој го чекаше Ентони Тејлор и на паркингот, за да го каже ова и в лице.

„Ова е еб*на срамота, човеку!“, му се пушти Мурињо на Ентони Тејлор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови