Connect with us

Му олесна на Гвардиола: Фил Фоден не е сериозно повреден

Пеп Гвардиола и стручниот штаб на Манчестер Сити можат да воздивнат околу повредата на Фил Фоден. Ѕвездата на „граѓаните“ повреден ја напушти пресметката од Лигата на шампионите против Реал Мадрид (3-3), но се чини дека не се работи за ништо сериозно.

По натпреварот, менаџерот на тимот Пеп Гвардиола изјави дека Фоден претрпел удар и превентивно бил сменет во завршните минути од натпреварот.
Добрата вест за стручниот штаб на „граѓаните“ е што напаѓачот веќе тренираше заедно со соиграчите и се очекува да биде на располагање за денешниот натпревар од Премиер – лигата.

Манчестер Сити ќе ги одмери силите со Лутон и очекува сигурен триумф во трката за шампионската титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови