Многу ѕвезди ова лето отидоа во Саудиска Арабија, откако прв пазарот го отвори Кристијано Роналдо. Сега се таму и Бензема, Мане и Нејмар.
Европа полека го губи приматот, а финансиите го имаат главниот збор.
Од друга страна, и Меси замина далеку од Европа, но одлучи да го продолжи фудбалскиот пат во МЛС лигата.
Уште една ѕвезда го напушта европскиот фудбал, но играчката кариера ќе ја продолжи во Катар, поточно во Ал Араби.
Станува збор за Марко Верати за кој се тврдеше дека има договор со Ал-Хилал, но дека чека понуда и од Европа. На крајот, тој ќе замине во Катар за 45 милиони евра.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski