Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТРЕНЕР на 18.коло во вторите лиги: Никола Карчев (Кадино)

Млад, амбициозен, со забележителна фудбалска кариера и интернационално искуство. Никола Карчев се нафати на нов предизвик, во зимската пауза го презеде тимот на второлигашот Кадино и напорната работа се чини дека дава резултати. 

Одекна убедливиот триумф на Кадино (0-3) на гости против Гостивар, тим кој се уште има амбиции дури и за влез во елитата. Но, составот на Кадино комплетно го надигра домаќинот, Карчев ја прочита играта на противникот, постави неколку замки во кои се уловија фудбалерите на Гостивар. По половина час игра веќе беше 0-2, во самиот финиш Кадино постигна и трет погодок за комплетирање на убедливата победа. 

Никола Карчев е најдобар тренер на 18.коло во вторите лиги, во изборот на МАКФУДБАЛ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови