Убаво деби. Ќе го паметат Ереван и датумот 11.11. 2021. Јани Атанасов и Тодор Тодороски го имаа своето деби во сениорската репрезентација на Македонија во убедливиот триумф (0-5) над Ерменија. И двајцата беа младински репрезентативци, своевремено и носители на играта токму во младиот тим што го предводеше Благоја Милевски, а сега се заедно и меѓу сениорите.
Јани Атанасов влезе во игра на местото на Тихо Костадинов во 83.минута, а само минута подоцна на теренот втрча и Тодор Тодороски кој го замени Стефан Ашковски. Конкуренцијата се зголемува, некогашните млади сили сега се веќе зрели и потврдени фудбалски имиња.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski