Connect with us

Луис Енрике: ПСЖ мора да продаде неколку играчи, но и да доведе нови засилувања

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, зборуваше за политиката на клубот до крајот на летниот преоден рок. Тој прокоментира дека најверојатно ќе мора да се раздели со некои од играчите на францускиот шампион.


„Мораме да продадеме некои играчи. Во исто време, на ПСЖ с\ уште му требаат нови играчи. Претсезонските натпревари ќе покажат колку добар состав имаме во моментов. Ќе стане јасно и колку сме ефективни“, изјави Луис Енрике.


Во текот на овој летен преоден рок, Пари Сен Жермен успеа да направи неколку важни зделки. Дефанзивците Лукас Хернандез и Милан Шкриниар се приклучија на тимот, како и играчите од средниот ред Шер Ндур, Ли Канг-ин, Мануел Угарте и Марко Асенсио.


Лионел Меси го напушти парискиот клуб и се пресели во Интер Мајами. Сѐ уште е неизвесна иднината на првата ѕвезда Килијан Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови