Ливерпул сака да се засили со двајца играчи од средниот ред на Челси. Станува збор за 23-годишниот Конор Галахер и 24-годишниот Мејсон Маунт. Тие се дел од стратегијата на Јирген Клоп за летниот преоден рок.
Маунт моментно одбива да го продолжи договорот со Челси и голема е веројатноста да биде продаден на лето, а за англискиот репрезентативец се заинтересирани и Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.
Галахер добива доволна минутажа во лондонскиот тим во последниот период, но неговата иднина сепак е неизвесна. За тоа најверојатно ќе решава новиот тренер на „сините“ Франк Лампард.
Челси не исклучува да го продаде доколку пристигне добра понуда, а според првичните информации Ливерпул е подготвен да понуди 50 милиони фунти.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski