Connect with us

Ливерпул без Тијаго Алкантара наредните два меча

Фудбалерот на Ливерпул, Тиjаго Алкантара, ќе ги пропушти следните два натпревари поради повреда на мускулот што ја заработи на натпреварот против Кристал Палас во Премиер – лигата.


Шпанскиот интернационалец поради повреда сигурно ќе го пропушти натпреварот во Лига купот против Норич во вторник и натпреварот против Брентфорд в сабота во шампионатот.

Алкантара се повреди на саботниот натпревар на „Енфилд“, кој неговиот тим го доби со 3-0.

Трент Александар-Арнолд и Роберто Фирмино исто така ќе го пропуштат утрешниот натпревар од Лига купот.

Александар-Арнолд е болен, а Фирмино, кој ги пропушти претходните три натпревари, има проблеми со повреда на тетивата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови