Connect with us

Лацио се зацврсти на второто место по триумфот над Специја (ВИДЕО)

Лацио ја оствари 18. победа во Серија А оваа сезона откако ја совлада Специја на гости со 0-3. Со тоа тимот на Маурицио Сари се зацврсти на втората позиција на табелата со 61 бод.

Чиро Имобиле од пенал донесе водство за „лацијалите“ во 36.минута, а Фелипе Андерсон зголеми на 0-2 на почетокот на вториот дел.

Во финишот, Маркос Антонио постигна и трет погодок за убедлив триумф на Лацио на овој дуел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови