Connect with us

Квича Кварацкелија е најдобар играч во Серија А

Фудбалерот на Наполи, Kвича Кварацкелија е прогласен за најдобар играч на сезоната во италијанската Серија А, во која му помогна на својот тим да стигне до првата шампионска титула по 33 години.


Наградата ќе му биде врачена на грузискиот фудбалер во недела, пред почетокот на последниот 38 натпревар меѓу Наполи и Сампдорија.

Кварацкелија дојде во Наполи во јули 2022 година како замена за капитенот Лоренцо Инсиње. Тој има постигнато 14 гола во сите натпреварувања, од кои 12 во Серија А, каде што е најдобар асистент со 10 асистенции.

Шефот на стручниот штаб на Наполи, Лучијано Спалети е избран за најдобар тренер, а и други две награди им припаднаа на фудбалерите на новиот шампион на Италија. Најдобар напаѓач е Виктор Осимен, а најдобар дефанзивец Ким Мин-Јае.

Најдобар млад играч до 23 години е Николо Фаџоли од Јувентус, најдобар голман е Иван Проведел од Лацио, додека играчот на Интер, Николо Барела, е најдобар играч за врска во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови