Connect with us

Инзаги: Сити е најдобриот тим во светот, а ние утре мора да бидеме перфектни

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, го коментираше претстојното финале во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Стратегот на „нероаѕурите“ знае колку тешка задача го чека неговиот тим, но изјави дека неговите играчи се мирни и подготвени за големата пресметка.


„Знаеме каков натпревар нѐ очекува, знаеме дека Манчестер Сити е врвен тим. Тие се најдобриот тим во светот во моментов. Тоа го докажуваат дури и кога не победуваат. Горди сме што сме на оваа сцена и ќе дадеме сѐ од себе. Ќе играме со максимална концентрација и ќе мора да ги сведеме грешките на минимум. Ова е наш 57. натпревар сезонава. Беше долга сезона, имавме подеми и падови, но научивме од поразите и растевме. Нашите напори и ангажман нѐ доведоа до овој момент“, прокоментира Инзаги.


„На крајот од сезоната се снајдовме добро, сега сфативме што постигнавме. Утре одлучувачки ќе биде средниот ред, но и секоја друга педа од теренот. Ќе треба да трчаме и ќе треба да играме со срце и памет. Мора да останеме фокусирани. Знаеме дека ова е датум за историја. Имаме голема шанса да испишеме историја. Ќе биде исклучително тешко да се победи, но ќе играме како еден за да го направиме тоа“, додаде тој.


„Смирени сме и подготвени. Нивото на тензија ќе се зголеми, но ние сме подготвени и не можеме да чекаме. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката оваа сезона во Европа. Среќен сум што работам со оваа одлична група играчи. Не би ги заменил за ништо на светот. Сѐ уште постои одредена неизвесност околу составот. Наскоро имаме тренинг и потоа ќе одлучиме“, додаде тренерот на Интер.


Во врска со Ерлинг Халанд, тој смета дека ниту еден фудбалер не може сам да го добие финалето.
„Знаеме каков голем играч е. Ќе го следиме внимателно, но ќе ги следиме и другите играчи на Сити. Мора да го запреме Халанд, но и сите други. што се однесува до пеналите, ние ги вежбаме во текот на целата сезона. Подготвени сме и за тоа. Сити има цврста одбрана, дава многу малку шанси за ривалите пред својот гол. Тие се комплетен тим, а ние ќе треба да бидеме перфектни за да победиме“, истакна Инзаги.


Финалето на ЛШ се игра од 21 часот, во Истанбул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови