Connect with us

Гвардиола смета дека Ерик тен Хаг би бил одличен за негов наследник во Манчестер Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола нема дилема кој треба да го наследи на клупата на „граѓаните“. Еден од најдобрите тренери во светот има договор со Сити до крајот на сезоната и не се знае дали ќе остане и следната сезона. Тој дојде во Англија во 2016 година, а претходно со голем успех ги водеше Барселона и Баерн Минхен.


Пеп смета дека Ерик тен Хаг, тренерот на Ајакс, треба да го наследи, иако холандскиот стручњак силно се поврзува со Манчестер Јунајтед и се верува дека од лето ќе биде на клупата на „црвените ѓаволи“.

„Ако ме прашаат, ќе им кажам на Манчестер Јунајтед да го доведат него за тренер. Тој е добар менаџер, без сомнение. Иако, сите тренери кои Јунајтед ги имаше после Сер Алекс Фергусон беа одлични“, изјави Гвардиола.

Но, тој го предложил тренерот на Ајакс и за негов наследник во Манчестер Сити.

„Тој дефинитивно би бил добар избор за Сити. Најмногу му се допаѓа нашиот начин на игра. Тој е неверојатна личност и задоволство е да се гледаат натпреварите на Ајакс, па ќе го предложам на нашето раководство”, дополни Гвардиола.

52-годишниот Ерик тен Хаг е легенда на Твенте за кој настапуваше до 2002 година, а беше тренер на Го Ахед Иглс, вториот тим на Баерн Минхен, Утрехт и на Ајакс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови