Connect with us

Гвардиола: Се врати вистинскиот Фил Фоден

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше воодушевен од победата над Бристол Сити (0-3) и пласманот во четвртфиналето на ФА Купот. Тој особено го пофали Фил Фоден, кој постигна два од погодоците на гостувањето на „Ештон Гејт“.


„Беше навистина тешко. Бристол Сити покажа дека е добар тим. Некои фудбалери кои не ги познавав ми оставија впечаток. Навивачите направија одлична атмосфера. Се сеќавам и на нашата претходна посета овде пред 5 години. Во вториот дел игравме посмирено и го контролиравме натпреварот“, изјави Гвардиола.

„Фоден? Има ритам, динамика, брзина. Во текот на оваа сезона, Фил имаше некои проблеми и беше депресивен. Но, сега тој се врати на своето познато ниво и подготвен е за најважниот дел од сезоната. Фудбалот ги наградува оние кои работат напорно како него. Продолжуваме да играме на три фронта“, истакна тренерот на „граѓаните“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови