Connect with us

Гостивар поразен од Крилја Советов

Македонскиот прволигаш Гостивар забележа пораз (3-1) од рускиот тим Крилја Советов на подготовките во Анталија.

Гостивар поведе во 19.минута со голот на новото засилување Иван Ивановски. На почетокот на вториот дел Ланре Кехинде не успеа да реализира пенал во 49.минута, а откако беа извршени повеќе замени во двете екипи, Крилја Советов направи комплетен пресврт.

Во 71.минута, Карпицкиј го израмни резултатот, а три минути подоцна Салтиков од пенал направи пресврт. Во 90. минута, Попов го постигна третиот гол за Крилја Советов и го постави конечниот резултат (3-1).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови