Македонскиот прволигаш Гостивар се засили со германски интернационалец. Нов фудбалер на гостиварци е 32-годишниот дефанзивец Томас Мајснер. Тој доаѓа како слободен агент, а негов последен клуб е Ханза Рошток.
Мајснер има искуство од Германија, Холандија и од Унгарија. Во Германија го носел дресот на Дуизбург и бил член на вториот тим на Борусија Дортмунд.
Во Холандија настапувал за Ден Хаг и за Вилем 2, а во Унгарија бил дел од Пушкаш Академија.
Томас Мајснер ќе му се придружи на тимот на Гостивар на подготовките во Анталија.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













