Connect with us

Галтие доби посебно обезбедување поради многубројни смртни закани

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, и членовите на неговото семејство сега се под посебно обезбедување откако добиле голем број смртни закани, информира „Л’Екип“. Францускиот тренер реагираше откако беше набеден дека е расист и не сакал муслимани и црнци во неговиот поранешен клуб Ница.


Во изминатите неколку часа, некој го сподели неговиот телефонски број на социјалните мрежи, што резултираше со бомбардирање на Галтие со речиси 5.000 повици и пораки, вклучувајќи ги и гореспоменатите смртни закани.

Неговиот адвокат Оливие Мартин веќе најави дека поднел пријава во полиција.

Стратегот негира дека е вистина напишаното за него. Одделно, неговиот адвокат се закани дека ќе го гони секој што ќе го обвини за расизам.

Телохранителите на тренерот во моментов се назначени од неговиот клуб, иако и раководството е шокирано од прочитаното. Пари Сен Жермен има сопственици од Катар кои исто така се муслимани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови