Connect with us

Галатасарај, Брага и Јанг Бојс во групната фаза на ЛШ

Турскиот гигант Галатасарај, португалската Брага и Јанг Бојс од Швајцарија се клубовите кои преку плеј-офот вечерва успеаја да изборат пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Галатасарај и во реваншот го победи Молде (2-1). Мауро Икарди од пенал донесе водство, Хестад израмни на почетокот на вториот дел, а Анхелињо донесе триумф во 90.минута. Моле ќе игра во групите од Лига Европа.

Брага и во реваншот во Атина го победи Панатинаикос со 0-1, со голот на Брума во 83.минута. Грчкиот тим ќе игра во групите од Лига Европа.

Јанс Бојс со 3-0 го победи Макаби Хаифа и обезбеди место меѓу елитата. Итен, Сек и Угринич беа стрелци на головите за Јанг Бојс. Макаби Хаифа ќе се задоволи со место во групите од Лига Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови