Connect with us

Футсал: Десеткувани против БиХ, но и мотивирани за успех

Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва (19 часот) во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува селекцијата на Босна и Херцеговина во квалификациски меч за ЕП. Селекторот Васко Скендеровски ќе го нема на располагање најдобриот состав, ќе недостасуваат дури седуммина репрезентативци, но повикани се пет дебитанти кои добиваат шанса за докажување.


„Се соочуваме со огроми проблеми во однос на играчкиот кадар, но ова е објективната ситуација и мораме да ја прифатиме. Ќе биде исклучително тешко на овие два натпревари. БиХ веќе и теоретски го обезбедија своето учество на Европското првенство, без императив доаѓаат во Скопје, но тоа е силна репрезентација и секако во вакви околности фаворит против нас. Имаме пет дебитанти во тимот и тоа е добра можност за нив да ја почувствуваат атмосферата во репрезентацијата и да се потрудат да остават позитивен впечаток. Ни преостанува да се бориме до крај и да ја искористиме шансата за добар резултат доколку ни се укаже“, изјави селекторот Васко Скендеровски.

Босна и Херцеговина има максимални четири победи во досегашните натпревари од циклусот, а на првиот меч на домашен терен славеше против Македонија со 2-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови